Thursday, November 16, 2006

ХЕЛАНКИ: ДОЛГООЧЕКУВАНА МОДНА РЕПРИЗА



Во минатата година на најавите за сезоната есен-зима 2006-2007 најпријатно изненадување беа хеланките. Судбината и историјата на ова парче облека претежно е поврзана со војните, студот и машкиот свет, но тие будат убави чувства кај понежниот пол, особено по модната револуција во 80-тите, кога се појави една цела "флешденс" генерација


Дирекно од сцената на Бродвеј и од сетот на филмскиот мјузикл Флешденс во 80-тите години, се прелеа парчето облека што ја смени идејата за хаосот во диско-ерата и ексцентричноста во панк-рок движењето. Хеланките првин биле многу потценувани. За некои с уште се само дел од долната облека, според други се опрема за спортување, а според трети - безначаен детаљ. Но побарувачката и речиси униформното носење во минатото на истите им го "разбило малерот" и им обезбеди свечено место во шифоњерите. Иако долго време ги нема во секојдневјето, свеченото и елегантното издание на жените, тие како никогаш да не изгубиле од трендовската важност така што оваа сезона се вратија во колекциите на многу креатори. Новите хеланки се стилизирани и освежени со неколку новитети, но во основа се исти, удобни и носливи. Флексибилноста и можноста да се комбинираат во повеќе варијанти на хеланките им обезбедува уште едно повеќегодишно патување во светот на високата мода.

МАШКА ДОЛНА ОБЛЕКА
Судбината и историјата на ова парче облека претежно е поврзана со војните, студот и машкиот свет. На почетокот хеланките биле дел од машката гардероба. Се носеле во време на ренесансата во 14 и 16 век. Ги носеле и некои од индијанските племиња и истите биле прифатени од некои од колонизаторите, а подоцна и од луѓето што се определиле да живеат на планините. Иако е неверојатно, но тие се сметаат за дел од воената опрема, зашто се многу практични, особено како долна облека под опремата, зашто ја одржува нормалната телесна температура во поларните предели. Во некои студени земји како Русија мажите продолжиле да ги носат хеланките и во помодерните времиња како долна облека, народски именувани како ѕиври. Тие станале дел од женската облека во 19 век кога жените почнале да ги носат под здолништата во зимскиот период. Со експанзија на фитнесот и аеробикот во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, креаторите го сфатиле практичното значење на хеланките и ви вовеле како "задолжителна" гардероба за вежбање. Во 80-тите години од фитнес-салите хеланките се "преселиле" и на модните писти и станале едно од најжешките парчиња облека што ги одбележаа последните 20 години од минатиот век. Нивниот "камбек" не е случаен, ако се земе предвид дека се враќа модата од диско и панк-ерата. Во "репризата" на најуникатните модни парчиња тие поминаа најдобро -жените како едвај да чекаа повторно да ги носат овие модели.

НОВИТЕ МОДЕЛИ
Хеланките можат да бидат направени од ликра, памук, полиестер, но има и такви што се од волна, свила и различни синтетички материјали. Новите модели, пред с, се однесуваат на капри-изданијата, од кои најпроизведувани се еднобојните - црни варијанти, но има и такви што се со шари, но во некои од базичните бои. Ако во 80-тите години се правеа флуросцентни, свилени и светкави модели, с со цел да се издвојат од преостанатиот дел од облеката, сега тие во никој случај не смеат да отскокнуваат. Тие се во функција на имиџот, главната одлика на новото урбано движење во модата. Се комбинираат со здолништа, куси џинс варијанти како во 80-тите, но и со шорцови и фустанчиња. Се носат и со кимоно-модели и со подолги здолништа и фустани. Оваа есен многу ќе се употребуваат во комбинациите со фустани-кошули, мантилчиња и долги џемпери и елеци. Дополнети со колани или мини-корсети. Умешност во комбинирањето може да се види и при носењето на хеланките во црвена, зелена, кафеава, бела или жолта боја.